Ришард Криницки – МУЗЕЈОТ ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ВО БУДИМПЕШТА

Како се најде тука
сиромашка мумијо на египетска дама,
изложена на туѓи погледи?
Сега тука се твоите задгробја.
Самиот за миг сум дел од нив,
додека сум загледан во тебе.
Други, барем засега, нема.
Не се знае, дали
ќе ги има.

Превод од полски јазик Звонко Димоски