Рекле:
Поетот семејството не го храни
Рекле:
Поетот може само
црвите да ги нахрани…
О, не –
Поетот гулабите ги храни
Поетот орлите ги храни
Поетот ангелите ги храни
Поетот срцата ги храни –
срцата на луѓето
кои сѐ уште се гладни
за Вистината и Светлината…
Поетот може
со пет стиха
илјадници да нахрани *
*Алузија за едно од чудата на Исус Христос, кој нахранил илјадници луѓе само со пет леба и две риби (Јн. 6:4-14).