Чувај ја во кафез од прсти.
Греј ја со својот здив
Свиј ѝ ги крилјата.
Носи ја по цел ден во кутија
Нека спие.
Гледај ја како бревта
со кренати раменици.
Гали ја, па затвори ја кутијата.
Утре ќе е постудено
омекни ги сите морници со бакнеж
разбуди ги со здив и носи ги понатаму.
Превод: Зоран Радически