Ружица Циндори – ПРЕГРАТКА

Тука си,
близу.
Еленски рогови
зад мојот грб.
Отруените далги
по забуна ги толкувам
како копнеж.
Ниту синоличка
не можеш да подариш
без коприва,
секоја насмевка
пече.
Цела ливада
посади
на градите,
но тоа не те
спитоми.
Премногу сила
се троши
на стаклени прегратки,
подоцна уште
ги преиспитуваме
белите џепови
што тишината
ги прикачи по кожата.

mk_MKMK