Ружица Циндори

Ружица Циндори (Лудберг, Хрватска) е поетеса и есеистка. Дипломирала компаративна книжевност и филозофија на Универзитетот во Загреб. Посетувала магистерски студии од областа на информатичките науки (насока: Библиотекарство) на истиот универзитет. Работела како библиотекарка и генерален секретар на Друштвото на хрватските писатели (2009-2020). Живее во Загреб, Хрватска. Ја координирала дејноста на хрватското жири за Наградата за книжевност на Европската Унија (2009, 2012 и 2015 година). Била член на Управниот одбор на Европскиот совет на писатели во Брисел во три мандати и била претседателка на Работната група за регулирање на правото за јавно авторско позајмување на истата организација. Објавувала песни, статии и есеи во бројни антологии и низ периодични списанија, како и на Хрватското радио. Учествувала на многу литературни средби и фестивали во Хрватска и во странство. Нејзини песни се преведени на десетина странски јазици и се вклучени вo различни избори и антологии. Пишува статии и есеи.
Преведува поезија од бугарски, словенечки и македонски јазик. Добитничка е на наградата „Добриша Цесариќ“. Во Бугарија ги добила наградите „Димчо Дебељанов“ и „Сребрено летечкo перо“. Ги објавила збирките поезија: Клади на зеленилото (1984); Рез, незацелен (1989); Кругови. Растојание (1997); Лудбрешки октомври (2002); Стрпливост (2006); Град, шума, остров (2006); Памучно ѕвоно (2010); Доцна (2011); Странецот од Итака (2011, избор на бугарски јазик); Заборавиште (2013); Некој пред мене бил во оваа шума (2016, избор на македонски јазик); Лента од ветар (на хрватски јазик 2017; на македонски јазик 2021).

Песна: ПРЕГРАТКА

mk_MKMK