Го обожавам твојот поглед што ја кажува простата вистина така отсечно
Погледот твој е толку чист како маглата што се крева од поточниот извор в зори.
Ја обожавам твојата долга црна коса, подолга од длабоката мрачна ноќ
Бидејќи ја милувам и мирисам твојата коса во текот на моето сонливо размислување во изминатите илјадници години.
Ја обожавам твојата чиста и искрена душа
Ти си таа која се спаси од болеста на љубомората.
Ги обожавам клепките твои како ластовички кои го сечат небото со нивните опашки
Бидејќи тие секогаш цртаат уметничко дело во воздухот како крилја на пеперутки
Ги обожавам твоите две брадавици на невидено
Бидејќи сите хармонични мелодии на светот ќе се истурат како млеко оттаму
Ја обожавам твојата разгаленост со сребрените ѕвезди кои ги осветлуваат дупчињата на твоите образи
Бидејќи тие секогаш ќе ги приспиваат твоите солзи и ќе шепотат на Седумте Божества
Го обожавам твоето нежно чекорење, како отчукување на срцето на жерав
Бидејќи тоа е толку свето што дури не смее да ги преплаши цветните прашини
Ги обожавам чистите капки на дождот со миризба на лисјата, впиена во твојата блуза
Бидејќи ти, која го сакаш снегот, влегуваш во моите мисли пред дождот
Ја обожавам твојата воздишка како роса на новоникната трева која е подготвена за устенцето на ждребето.
Бидејќи се чувствувам како мастилото што го ставив во моето пенкало во џебот на кошулата во едно попладне.
Го обожавам твојот глас како повик на елен што реве со крената глава кон небото.
Бидејќи тоа ми го дава чувството како кога орловската битка на смрт ми личи на орловското гнездо врз сива карпа.
Ја обожавам твојата душа која секогаш копнее за тишина
Бидејќи тоа го донесува спокојот низ сите времиња
Го обожавам твојот допринос на сите приказни за суштеството ПОЕТ, во воздухот што јас го дишам.
Бидејќи очите на божествата кои те создадоа заради ненадминливата среќа се кристално чисти.