Сандра Хубингер – *

Ослободено од дрвенаријата, олабавено од
кората, нашето најмеко кон надвор со
тенка кожа, само тргнавме покрај реката чиј
тек им даде насока на очите, срцебиењето

Удари на бранови од товарен параброд нѐ
достигнаа со задоцнувањето на една неизговорена
порака која, сепак, премина, ги наводени глуждовите
повлекување од преголемите бранови

Кои на работ на брегот го боеја чакалот потемно
и ги земаа со себе неприцврстените
во реката која водеше кон север, ни изгледаше тоа
како пливање нагоре во струја од алги

Запревме, ги гребевме дамките кал
од образите, а реката постојано нѐ претекнуваше
нѐ преплавуваше

mk_MKMK