Без дом погледите
скитаат по полињата
чии рабови се израмнуваат
Во телото без дом
на битието ни месо ни нога
Без дом мислата, крута
како копач по камен
преминувајќи во железо краевите тапи
Во почетоците без дом
светкавото затемнува
Без дом во препнувањето еднододруго
во назабувањето
на срце положеното без дом