Саранда Мехмеди

Саранда Мехмеди е родена 1997 година во Кичево, Северна Македонија. Во 2020 година ги заврши студиите на Филолшкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Пишува и преведува поезија и е заинтересирана за подигање на свеста за различни прашања низ уметноста и литературата. Како студент, во 2017 година, таа учествуваше во проектот на УНХЦР „Бегалец сега – човек секогаш“ за подигнувањето на свеста и поддршка на бегалците и барателите на азил кај локалните заедници, каде што го напиша стрипот „По трагите на еден сон – инспирирано од вистниски настан“, една приказна за повторувањето на историјата поврзувајќи ја приказната на Ана Франк со она на Сиријката Пајман, бегалка којашто сонува да стане писателка. Приказната беше илустрирана од страна на студентката-коавторка од Факултетот за ликовни уметности и беше објавена во стрипот „Црно-бели животи“ заедно со два други стрипови на македоснки и албански јазик. Од Ноември 2021 година Саранда работи како уредник на интернет порталот Лирскиот дом на Ацо Шопов. Нејзината прва збирка песни „Поиесис“ (2021) е двојазично издание објавена на албански и македонски јазик од издавачката куќа Сигмапрес од Скопје.

Песна: Лулање

mk_MKMK