Чуму зуењето
без пчелата?
Чуму свеста
без телото?
И сакативе зборови,
како ли да бидат
светлина испуштена
од ѕвезда?
Знае ли златната рипка
дека е влажна?
Знае ли сакатиот
дека е инвалид?
Куцам ли по улиците
или, пак, тие
постојат
несинхронизирани?
Чуму зуењето
без пчелата?
Чуму свеста
без телото?
И сакативе зборови,
како ли да бидат
светлина испуштена
од ѕвезда?
Знае ли златната рипка
дека е влажна?
Знае ли сакатиот
дека е инвалид?
Куцам ли по улиците
или, пак, тие
постојат
несинхронизирани?