Сет Мајклсон е наградуван поет, познат преведувач и професор по поезија од Соединетите Американски Држави (САД). Тој има објавено осумнаесет збирки поезија на англиски и на шпански јазик, потоа преводи на поезија и двојазични антологии на поезија на шпански и на англиски јазик. Добитник е на многу награди, меѓу кои: стипендија од „Националната фондација за уметност“, стипендии од Фондацијата „Мелон“, стипендија од Фондацијата „Ленфест“, стипендија од Фондацијата „Фулбрајт“, како и награди од „Split This Rock“, „Патерсоновата награда за поезија“, „Меѓународната книжевна награда“ и наградата од „Здружението за американски студии“. Тој е често застапен на бројни поетски фестивали низ целиот свет, саеми за книги, уметнички центри и универзитети, а неговите дела се преведени на бројни јазици. Предава поезија на американската хемисфера на Универзитетот „Вашингтон и Ли“ (САД), каде што го основал и го води „Центарот за поетски истражувања“. Тој, исто така, предавал поезија во затвори над дваесет години, а некогаш во тие институции ги доведува своите универзитетски студенти со цел творење на заедничка поезија со затворениците. Како преведувач, тој се фокусира на поезија на недоволно претставените гласови од Латинска Америка. На пример, тој ја објавил првата авторска поетска книга во превод на англиски јазик од поетеса од Мапуче, Пуел Мапу, денес познато како територијална Аргентина. Книгата е тријазична и содржи поезија на мапузунгун, шпански и англиски јазик. Исто така, уредник и преведувач е на револуционерната двојазична, поетска антологија Америка која сонува: Гласовите на младите без документи во затворите на шпански јазик. Таму е објавена поезијата настаната во рамките на работилниците што три години ги водел на шпански јазик во најстрогиот притвор во САД за имигранти деца без придружба и без документи. Сите приходи од продажбата се наменети за правна помош за притворените деца без документи.
Песна: Осакатена свест