Шагдар Лхамноржмаа – МАЈКАТА ЕСЕН

Листот што ми падна на дланката
Е знак на мајчин повик од родниот крај
Го гризнав ливчето да се сетам на вкусот
Беше полна со содржина и со мирис на лето
Есен, првиот снег на есента
Ме потсетува на Големата мајка
По богатата жетва заминуваш ти,
О мајко есен, необична си есен

Им делиш дарови на сите деца,
Богата есен, мајко со неизмерна љубов.
Благодетите твои и ги оставаш на зимата
Достоинствено под снегот остануваш
Временсиот тек по свое си стокмен,
Есента беше тука, мајката есен доаѓа пак.

Кога човек се мери по должината на сенката
Кога сончевите зраци пробиваат во празен сон,
На синот свој му го покажува патот
Мајката есен беше тука, доаѓа есента пак.
Излитаната боја на искинатото лисје,
Сликата во мислата доаѓа во есента.

Чадорот го собирам иако уште врне
Да побрзам кај мајка ми да стигнам.
Паднатите лисја како тепих под нозете се есен,
Љубов од мајката послана за синот
Дувка ветрец во мислите како во лето.
Во мислите млада мајка ми се присторува.

Претешки крилја на птиците преселници
Мајката ја натажува до студени солзи
Облечена во ново жолто руво, мајката
Ме дочека покрај патот, Есента.
Во мигот кога се измешани светлото и сенката,
Есента се престорува во возбудена мајка.
Заплачувам од желба да ја видам мајка.
Брза Есента, саканото годишно време.
Старата повторувана приказна
За опстанокот на старото лисје.
Сето тоа беше есен,
Да побрзам да ја видам мајката.

Превод од Монголски: Леетив (Литов) Намдагжанчивин

mk_MKMK