Шаип Емерлаху

Шаип Емерлаху е роден на 13 април 1962 година, во село Требош, Тетовско. Тој е поет, публицист, есеист и научен работник. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Приштина, магистрирал на темата „Поетска структура на поезијата на Азем Шкрели“ во Тирана, каде што ги предложил и докторските студии. Тој е професор на Државниот универзитет во Тетово, на катедрата по албанска книжевност и литература. Бил главен уредник на РТВ Берлин „Гласот на Албанците“, уредник на културната рубрика во дневниот весник „Флака“, уредник на детското издание „Гезими“ и „Фатоси“ во Скопје и дописник на македонското радио од Тетово. Има објавено неколку поетски книги на албански јазик. Неговите поетски книги се преведени на англиски, француски, кинески, малезиски, јапонски, италијански, романски, хрватски и на македонски, а циклуси од песни и на многу други светски јазици во антологии и списанија. Добитник е на неколку албански и меѓународни поетски награди. Учествувал на неколку меѓународни поетски фестивали. Емерлаху е основач на неколку културни и поетски институции во Република Северна Македонија, меѓу кои и на меѓународниот поетски фестивал на поезија „Денови на Наим“, каде што е директор до денес.

Песна: КАДЕ ТРГНАВМE

mk_MKMK