Шудип Сен – ГРАМАТИКА


таа нема англиски;
усните заокружени / во вик
краснопис на вените…
– МЕРЛИНДА БОБИС, „Прва Вечер“


Синтаксава моја, закована јако –
се мачам да ја ослободам,
да ја ослободам од формалноста,
од мојот јадец
желен за сок – длабоката срцевина,
мускул и кожа.
Реченицата конечно изустена –
Алчен сум за долги развлечени
самогласки, за согласки што
посакуваат страст, ткиво, мозоче.
Гладен сум за љубов,
задоволство, за лет,
за приказ вечно што се лее – зборој.
Една запирка решава да (ú се) намести
(на) една точка… елипсите запираат, да одразат –
една фраза решава да не ги открива
своите мисли после сé – елипсите и
точка-запирките се чуден спој во кревет.
Краснопис на вени и зборови
си сака мастило, мастило на здивот,
на крвта – крвни зрнца забрзани
повеќе од бајраче на сериф…
нерешената приказна на нашиот живот
во брз воз без попатни станици.
Копнеам само по курзивни елипси…
англискиот ми е другиот, другиот
е навистина англиски – таа нема англиски;
усните заокружени / во вик –
овални, полни, суптилни, граматика –
накиснати, втиснати букви од стакло.

Превод: Ана Топенчарова

mk_MKMK