Најпоследната капка дожд
ѝ застанала врз работ
на папокот –
последното зрно пот
ѝ надвиснало на пердувот
на клепките –
последната влажност
на мојот бакнеж врз нејзината кожа –
сиве овие бараат уште,
уште, уште –
уште повлажно, уште повлажно –
чезнеат за уште дожд,
оган, желба, влага –
и свежо студенило од
кристална вода, жед,
плунка, копнеж, дожд.
Превод: Ана Топенчарова