Ова е Спев за еден Сплав, редок
кој се распаѓа таму, среде реката.
Се крши Сплавот во водата Спевот се крева
Спевот е во магла Сплавот се растура
Сплавот пропаѓа
Спевот
…….
(Како да ја разберам врската
помеѓу овие два збора:
Сплавот во водата веќе, сиот се ниша
а Спевот извиен, еве вика:
Јас сум Сплав.
Јас сум Сплав!)