Славе Ѓорѓо Димоски

Славе Ѓорѓо Димоски е поет, есеист и преведувач. Роден е на 18 март 1959 година во село Велестово, Охридско. Дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Основач е на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, а во два мандата беше претседател на УО на „Струшките вечери на поезијата“.
Збирки поезија: Гравири, 1979, Проект, 1982, Студен порив, 1985, Последните ракописи, 1988, Спореден пат, 1991, Предмети и аргументи, 1994, Форми на страста, 1998, Форми на страста, библиографско издание со слики од Сергеј Андревски и Дик Робертс, 1999, Форми на страста, (подготвил Сашо Димоски) е-формат, 1999, Темно место, 1999, Мерач на зборови, 2007 Скопје, Хаику на разгледници, 2015, Јазичен триптихон, 2015, Извештаи на Рисот, 2016, Кумова слама, 2018, и Јазик и леб, 2019 година.
Книги со есеи: Амедео Модилјани, Ѓурѓа, 2000, Шише во море I, 2004, Шише во море II, 2011 и Пат покрај патот, 2021 година. Има издадено и неколку книги за деца. Неговата комплетна поезија е објавена во книгата Поезија/Ткаење во 2014 година. Неговите песни и поетски циклуси се преведени на над триесет јазици и се вклучени во сите релевантни антологии на македонската поезија во Македонија и ширум светот. Добитник е на најзначајните поетски награди во Македонија и на повеќе меѓународни награди.

Песна: Спев: Сплав

mk_MKMK