Сонет Мондал

Сонет Мондал е индиски поет, уредник и автор на Едно попладне во мисливе (Копер коин, 2022), Кармичко пеење (Копер коин, 2018), Мастило и линија (Даули букс, 2018) и пет други збирки поезија. Тој читал поезија на книжевни фестивали во Македонија, Ирска, Турција, Никарагва, Шри Ланка, Германија, Италија, Украина, Унгарија и Словачка. Делата на Мондал се објавени во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија. Неговите скорешни дела се објавени во „Харперс базар“, „Вирџинија кватерли ривју“, „Вордс витаут бордерс“, понатака во Пеење во темница (Пингвин рандом хаус), списанието „Лувина“ (Универзитет „Гвадалахара“, Мексико), „Ла Отра“ (Универзитет „Мексико“), „Индиска книжевност“ (Академија „Сахитја“), кратко библиотечно издание од „Државниот универзитет во Мичиген“, списанието „Стенд“, весникот „Кјото“, „Потомак ривју“, „Поетри Салцбург ривју“ (Универзитет „Салцбург“) и „Маскара литерари ривју“, меѓу другите. Мондал е еден од авторите на проектот „Патот на свилата“ на „Меѓународната програма за пишување“ од Универзитетот во Ајова од 2014 до 2016 година. Основач и директор е на „Стол и вечер на поезијата,“ Меѓународен поетски фестивал во Калкута. Мондал е уредник на индискиот дел од „Лириклајн“ („Haus für Poesie“, Берлин) и работи како уредник и менаџер на „Версвил“. Тој е гостин уредник на „Зборови без граници“, Њујорк, „Поезија“ во Сангам, Индија и бил еден од директорите на Фестивалот за уметност и книжевност „Одиша“ во 2018 година. Неговите дела се преведени на хинди, бенгалски, марати, шпански, португалски, италијански, кинески, турски, словачки, македонски, француски, руски, украински, словенечки, унгарски и арапски јазик.

Песна: Едно попладне во мисливе

mk_MKMK