Соња Манојловиќ – Помагање, однадвор

Не можам ни да ги набројам сите мои тој и сите мои таа,
во сеопштото нишање еден низ друг прелетуваат,
и според законот за доследност,
во нивно име, учтиво, а од страна, само зборувам
додека не ми избега звукот на вцицување
на жива супстанца.
Насекаде хранилишта, поилишта, зјапаат устиња,
дај и дај,
и како јас да сум сопственик на настаните,
додека сё не ми се провлече низ линијата на устата,
ја држам соленката во воздухот,
ритуално го подобрувам вкусот на невидено,
дури и луѓето ги подобрувам, со зрно сол, со бакнежи

mk_MKMK