Жан Понсе – СПОМЕН ЗА ТАТКО МИ

сите старци од градот за татко ми ме тераат да си спомнам
кога смртта првпат му намигна
во туѓа земја – дете бев

човекот што го видов на кејот од пристаништето
дури се препнува од калдрмата
со погледот понижен низ мене помина
син можев да му бидам

и се сеќавам на виолинистот
што утробата си ја триеше
во улицата Паради
загатка беше и тој

сите старци од градот
под есенсково небо
небаре ми велат
на времето татко ти бев

mk_MKMK