Небото можеби се лаже кога сината вена пулсира, седната. И ова неверојатно откритие: скицираната позадина, плотунот кој го означува времето. Од сите интерпретации, онаа опаѓачката е најразбеснета, расцепувајќи ги нашите глави кои се бакнуваат. Навикнати на воздух, твоите екстремитети силно треперат. Ми се прекинува текот на нештата. Рацете ги цепкаат и проголтуваат срцата. Што ли ќе биде запаметено од зборот пази во запази ме внатре?
***
Превод: Надица Николоска