Стивен Џ. Фаулер – ТРАДИЦИЈАТА

Така го изгубив турнирот со лицево
Збигњев Херберт
Бељата што гледам двојно
е што здогледувам
баш во моментот кога ми притребува.
Како некој пријател
за кој ти текнува дека умрел.
Чудна професија, спортист,
каде ти си повеќе од твојата работа,
и почесто невработен од вработен.
Тагата цвили
со секоја шутната топка
или разонода што ќе се стори
во физичките простори.
Не баш апсење.

Превод од англиски јазик Горјан Костовски

mk_MKMK