Сурен Ојунчимег – НЕВЕСТА

Се радувам гледајќи го милозливото лице
Питомиот поглед од кој гревовите бегаат
Ќерка на тато со потекло од познат клан
Прифатете го моето скришно фалење
О, преубавата невесто, убавице моја.

Татина ќерка обожувана
Сенката се прекршува во светлина на думата
Имајќи ја судбинската добра среќа
мајка си на чедо со потекло од претците наши
Ти си мајчино млеко кое ја храни добрата мисла.

О, ти си моја гордост и спокој
Невесто убава во туѓо семјество

Среќата се засолнува во светлината на верба
Ја чувствувам силината на ветерот
невестата на спокојно семјество
да биде секогаш сакана од блиските нејни

О, ти си мајка на синот мој
мојата сакана сопатничка благословена.

Превод од Монголски од Леетив (Литов) Намдагжанчивин

mk_MKMK