Жените што длабоко го скриле својот бисер
што се затвориле како школки
својата женственост
што длабоко во себе ја вовлекле
се истовремено и чувари на своите школки
па кога нема никој
кога сѐ е стивнато
без никаков кораб, без никаков морнар
ја подотвораат школката
и пуштаат бисерната светлина
да го оплоди морето