Тадеуш Ружевич – Среде многуте работи

Среде многуте работи
многу ситни
заборавив
дека треба и да се
умре
Лакомислен
ја занемарував таа должност
или ја исполнував
немарно
од утре
с# ќе се измени
ќе почнам да умирам грижливо
мудро оптимистички
без да се губи време