Татев Чакијан – БР. 39

Секоја песна е чевел,
а секој втор чевел е песна.
Има песни што те носат подалеку од чевли.
Има песни што тропкаат или шлапкаат
песни од кои болат прстите,
а по правило
не треба да се обуваат туѓи песни.
Има летни хаикуа,
долги зимски песни
и есенски парчиња оштетени само од еден дожд.
Младите облекуваат големи песни
а често и обратно
и тие се смалуваат уште повеќе.
Возрасните не си ги врзуваат врвките на песните.
Новите песни крцкаат,
старите се нечујни.
Има песна за бегство,
песна што ќе те одведе дома
песна што треба да ја собуеш пред влегување,
за да си обуеш мека, рамна, ритмичка,
сосема поинаква песна.
За да провериш дали ја бива песната,
не мораш да ѝ ја изгориш кожата,
само застани на улица и прошепоти: „Се изгубив.“

Превод од англиски јазик Никола Ѓелинчески

mk_MKMK