Татев Чакијан – HR MANAGER*

Вработените никогаш не треба да знаат
дека по 6 попладне рамената ти клапнуваат,
нозете ти се закопуваат в земја
и чувствуваш толкава празнотија
што звуците на улица одекнуваат во тебе.
Шефот никогаш нека не дознае
дека во главата потпишуваш
отказни решенија,
годишни одмори за сите
и далечни платени патувања без рок на важење…
Си ја заврзуваш вратоврската на гранка,
и го гледаш своето упокоено тело што се ниша на ветрот,
оставајќи досада на местото
кај што ти била раката.
Никој од вработените нека не те сретне случајно,
замрзната и занемена,
толку занемена
што ненадеен поздрав
би можел да те разбие.

Превод од англиски јазик Никола Ѓелинчески
 
* Менаџер за човечки ресурси (Заб. на прев.)

mk_MKMK