На плоштадот во главниот град
деца, трчаат, излегуваат од градинка,
тропаат со нозете, си бараат циркус.
Народот му пишува отворено писмо на претседателот,
бараат циркус
со неотровни змии,
мечки што танцуваат
и нежни тигри.
Претседателот, очигледно,
веднаш престанува со купување оружја
и го пренаменува сиот воен буџет за циркус.
Но одеднаш, војната повторно избива
а градењето е запрено.
Медиумите известуваат за градот без циркус,
набљудувачите од меѓународните организации
кимаат со главите и ветуваат дека ќе помогнат некако.
Делегатите од соседните држави доаѓаат лично,
а тие од далечните држави вака-така ги поддржуваат
и испраќаат змии, мечки и тигри,
кои – за жал – талкаат по улиците низ градот
и излегуваат да ги фати сонце,
чекајќи неочекуваната војна да заврши.
Ете така за време на примирје,
секоја нова генерација,
сосе змиите, мечките и тигрите,
се бори за правото да имаат циркус,
гласно тропаат со нозете,
и го придушуваат звукот на придушените ракети.
Превод од англиски јазик Никола Ѓелинчески