Во матно езеро опкружено со планини,
живеам со два, три милиони риби слични на мене.
Старите кои слушнале за морето одамна умреле.
Карпите не се помрднуваат, ние се навикнавме.
Досадно ни е наутро,
досадно ни е попладне,
сѐ додека не дојде некој гостин да фрли камче.
Од возбуда ни се зема здивот, претаме со перките,
скокаме нагоре за да земеме воздух и паѓаме надолу,
заигруваме, испреплетени, извртени, споени,
спирални, цилиндрични, овални.
И досадно ни е приквечер,
досадно ни е навечер…
Осамнува денот, чекаме гостин.
Превод од англиски јазик Никола Ѓелинчески