Тијаго Понсе де Мораиш – АНДРОМЕДА

Нема разум.
Ха, во најдобар случај, ѕвезди, копнеж по неповратното.
Отвораш книга. Колку ли соѕвездија не те примаат.
Со твоите златни коси посакуваш да биде токму ова
Живеалиштето што го бараш,
Зборот што постои а истекува по дланките.
 
Имаш сал спомен некој, кога светлина е, и слеп,
За да дојдат. Го чуваш секое сеќавање претворено во боја,
Иако мртво,
И по него одиш со кусиот болскот на твојот глас.
 
Ниту најсјајните ѕвезди, ниту најненаситните
Носталгии: сè недостасува – Време/Љубов.
Остануваат твоите бели коси со кои се веднеш
Врз животот враќајќи го лицето кон небото.


Превод: Наташа Сарџоска

mk_MKMK