Тијаго Понсе де Мораиш – МОЕТО ОКО СЕ ОТВОРА

МОЕТО ОКО СЕ ОТВОРА како рана,
Се отвора ко твојата несигурна уста,
Интимно пристаниште на твоето лице.
Се отвора со ронење и низ солзи,
Се отвора во пукнатина, во расцеп невозможен,
Се отвора од твојата лузна, небаре книга,
Се отвора како твоите нозе
Кои ме притискаат расцепен
Сè дур не се препуштам и не се соединам слепо
Во последната далга
Во изворот кој кога се предава
Ме цица целосно,
Ме сошива жив
Ноќум сè до рано в мугри.

Превод: Наташа Сарџоска

mk_MKMK