ПРЕД ДА СЕ ВИДИ големата убавина
На твоите едвај отворени очи –
Кое ли детство се разбуди од тој сон?
Која ли жал длабока втона престорувајќи се дете?
Ко сон а чиниш талкање: стигнува до забите – небаре удар?
До морињата на сеќавањето – небаре засолниште?
Корењата на детството – небаре пукнатина што ја отвора повторно земјата –
Која ли лузна ил’ рез го разредува трепетот од воздишката на оваа строфа?
Пред да видиш ги затвораш твоите очи
Пред големата убавина, кон топлината на спомените,
Кон кусиот болскот на видливото, оние огномети –
Пламени.
Превод: Наташа Сарџоска