Тицијано Фратус – ДЛАНКИ

Тие дланки
го изградија
светот. Цврсти се,
кожата распукана, брусна
хартија, долги нокти, од замор.
Не се тоа дланки што знаат да милуваат,
но знаат да поздрават, да покажат, да наздрават, цела низа
на собитија кои можат да ги исполнат во целост
со нивните намени. Тоа се дланки за подвизи, спремни за употреба, не
љубат да бидат неподвижни, без намена,
без пренесување. А сепак тие дланки го
расчепија телото на една идна мајка,
го преминаа тремот, ја примија
причесната на свештеникот, своевремено.
Цврсти стожери се кои ме дигнаа,
и кога дојде часот се спуштија со жестина.
Бесполезно е да се оживуваат страниците на минатото, она што изумрело
се менува при секоја проверка: се знае, историјата е диво животно
 
Превод од италијански јазик Наташа Сарџоска

mk_MKMK