Тицијано Фратус – НОВА КРЕАТУРАЛНА ПОЕЗИЈА

Ја ловеше маглата
со непрегледни движења на рацете,
и ја зафрлаше во својата тетратка,
за да ги сокрие речениците што ги пишуваше.
Беше тоа игра што не често му успеваше.
Превезите трева? Премногу густи. Скакулците?
Премногу вредни. Семињата на растенијата? Не знаеше ти
што може оттаму да се роди. Писмата во времето
носеа крв. Се исцртуваа
ткива, лигаменти, мрежи, вртлози.
Растреперени органи. Од
некаде
сепак мораа да извлечат
храна, се велеше. Губеше
тежина и дури и мајка му престана
да го препознава. На погребот некој заплака.
Беше повеќе од она што се очекуваше, не умееше
со луѓето. Една поранешна девојка ја претресе неговата соба,
непрочитана книга, стари изданија,
и тетратки. Отворајќи ги, разбра што се случило со
тој друг маж кој толку се смалил
што го заземaше сал просторот
отаде точката.
 
Превод од италијански јазик Наташа Сарџоска

mk_MKMK