Томас Шапкот – Уште една пролет

Сонце на столот крај прозорецот, зуење на муви
што удираат на тврдото стакло. Уште една пролет.
Силум тропам по стаклото, ќе видам ли
што има надвор – препознавам
светлина, облик и боја доволно верни да ги дофатам,
годишно време вистинско и присутно.
Стаклото не се крши, не постои отвор.
Штом гневот стивнува, секој инсект умира
Утре е лето.
Од скршеното стакло
поголема жештина, неуништлива светлина.
Мојот тесен кафез, ме затресува. Меѓутоа, кој ќе ги
заборави ветувањата? Напорот мора да вроди
некоја надокнада. Тогаш пак. Ај да пеам:
дур и брмчењето на мувите ја одредува пролетта.