Томас Венцлова – ЗА Р.К.

Само знам дека помина (или уште минува) –
овој црн век, можеби не поцрн
од другите, но посебни димензии.
Беше доследно. Пребројуваше тела,
А душите ги дробеше во црница и ништо,
За на разумот да му се причини дека победил. Бездните
се претставуваа како надеж – и тоа мошне успешно, би рекол.
 
На раскошните планови им слугуваа печките,
а во кругот на најблиските пак – непроѕирен лед
под камена ѕвезда. Забревтаните вагони
водеа кон Никаде – на запад и на север.
Но, сè е минливо. Спомениците на империите –
в кал, меѓу лепливите шила на чичекот.
Стишеа мегафоните, сега гранитот пука.
 
Се родивме во оваа земја. Сега, кога ја
напуштаме, не се осмелуваме да се свртиме како Орфеј.
Што се случи со нас? Иронија, трпение,
и само неколку пати храброст. Често нејасно чувство,
дека си направил многу помалку отколку што доликува
(зар избледнеаната вина е грев, што децата никогаш нема
да ти го простат, иако Бог би простил?).
 
Само ова избравме. И сеедно знаевме
за дар да примиме горчлива вистина.
Не ја славевме смртта. Над железничката линија и над бетонот
гледавме ангели. Љубевме. Во библиотеката палевме
свеќи. Доброто и злото ги викавме по име,
притоа чувствуваме дека е тешко да се различат.
Затоа исчезнуваме в темница. И бездруго тоа е доволно