Томица Бајсиќ – ГЕОГРАФИЈА НА ПОЕЗИЈАТА

Религијата на отворениот простор
еден од водотеците на уметноста,
со ништо хемиски произведена
убавина, самородна.
Од бунт, од отпор кон ништожноста.
Поезијата е нагорнина на планината на непознатото
парчиња сништа спуштени на земја,
река која води до изворот
прочистен
од магнетните девијации,
и до тој дух во нас.
 
 
Превод: Никола Кукунеш

mk_MKMK