Тадеуш Ружевич – Оплакување

Оплакување

До вас се обраќам свештеници
учители судии уметници
чевлари лекари референти
и до тебе мој татко
Ислушајте ме.
Не сум млад
нека стројноста на телото
мое не ве мами
ниту нежната белина на вратот
ниту ведрината на отвореното чело
ниту мовта над усните благи
ангелската насмевка
ни чекорот пргав.
Не сум млад
нека невиноста моја
не ве трогнува
ниту мојата неизвалканост
ниту слабоста нежноста
и едноставноста моја
Имам дваесет години
и убиец сум
орудие сум
така слепо како меч
во рацете на џелат
убив човек
и со крвави прсти
милував бели женски гради
Осакатен не ги видов
ни небото ни ружата
птицата гнездото дрвото
свети Франсиско
ни Хектор ни Ахил
Шест цели години
бликаше од ноздрите врелината на крвта
Не верувам во претворањето на водата во вино
не верувам во проштевањето на гревовите
не верувам во воскреснувањето на телото.