Игор Трпчески – Зар тешко е? Зарем тешко е!?

Зар тешко е, да се почитуваат основните човекови права?
Зар тешко е, да се подели рамноправно, природата што ни дава?
Зар тешко е, да се сплотиме за националните прашања?

Зар тешко е?
Зарем тешко е?

Зар тешко е да си ја сакаме татковината?
Зар тешко е да има добро образование за младината?
Зар тешко е да живееме со љубов и надеж во иднината?

Зар тешко е?
Зарем тешко е?

Зарем тешко е, да си подадеме рака?
Зар тешко е да си размениме насмевка?
Зар тешко е човек, човека да сака?
Зар тешко е?
Зарем тешко е?

И денес кога вакви прашања се редат…
Денес кога крвај рани од срце се цедат…

Зар чудно е да молам за радост и среќа?
„Зар чудно е – желба јас в срце де сетам?!“
Зар чудно е да мислам и да верувам дека:
„Пченицата твоја триж плодна ќе биде
и животот твој.“

Оваа песна е инспирирана од ТЕШКОТО од Блаже Конески

mk_MKMK