Сознанието, опоравувајќи се од зачмаени дни како со удар од лакт,
Бавноста на болката, небаре кревко лутиот привкус на љубовта
Го поттикнува апетитот, а вечера во ноќта ги буди сништата,
И пиењето вино води до благо пијанство, крвта исто ја чувствува
Бавноста на плотта или движењето на топлината,
Седејќи, седејќи, седејќи под ламбата,
Замолувајќи со раката за танц, разбирајќи ја
Бавноста на пишувањето, како толку многуте
Магновенија на животот ги згодува будењето на душата.
Превод: Игор Радев