Патиштата што водат до тебе претрупани се со знаци,
Та исчезна какво и да е чувство за истражување;
За среќа, добро насобрани се сеќавањата,
Можеби тие се наоѓаат заклучени во фиока.
Чекори во брзање потешко се забораваат од лица,
А меѓу нив има такви што претпочитаат да го наречат чекорењето
Околу тебе – „вежбање“, и тоа токму е со цел да одговара
На идејата за образование. Водната површина има одразено
Премногу ликови, без да се сеќава на никого посебно;
Па следствено, кога една приказна ќе се најде раскажана,
Има луѓе што си замислуваат дека таа претставува несреќа.
Превод: Игор Радев