Нарамувајќи го портокаловиот елек за спасување,
Ги протнувам врвците низ тесните просеци,
И сѐ ми се чини ко да е онаа детска игра.
Модрото глисерче збира сал пет-шестмина,
Најкрупниот од нас беше седнат при клунот,
А ние сите му се смеевме, велејќи – тој ќе ни го крепи чунот.
Не треба долго, од То̄нгчо̀нг до Са̄нме́н,
Загледан од брегот, морската шир и не е толку пространа,
Но бротчето што нѐ возеше ни го разоткри
Бескрајот на морето. Следното утро,
Дури од ветрот виениот дождец прибегнуваше кон морето,
Јас и другарите се качивме на глисерот назад за То̄нгчо̀нг.
Возачот поита со полна брзина да ни го истресе самрачниот дремеж од нас,
Та наеднаш потскокна глисерот врз цврстата површина на морето,
Небаре палаво дете кое сака да види колку далеку умее да рипне,
Подигајќи петелки вода во вис, кои заедно со дождот
Ни го смаглија погледот, и за некој миг
Се сетив потопена сред сивата вода,
Барем неколку стапки, во челичната суштина на морето.
Превод: Игор Радев