Чжоу Цан – НА ЕДЕН ПОЕТ, МОЈ СОПАТНИК

Песна за тебе мора да биде во ваков облик,
Пар напоредни стихови, чиниш чекориме рамо до рамо;
Ова токму значи дека замолкнувањето е дел од разговорот,
Просто како промена на тема, свиок што води до друга улица.
Бавноста е нашето најмило темпо, но не треба
Да стане тоа цел сама за себе, речиси изговор, а оттука и молк;
Точно, веќе одамна взаемно молчиме,
Иако одевме по ист пат, влегувавме во ист ресторант.
Денес, ние имаме јасна цел,
А ти ме водиш кон некое место сал ако одберам да те следам.
И тоа значи: Нема да молчам повеќе, ми треба излез,
Дури и да сме влезени во чистилиштето на нашите предци.

Превод: Игор Радев

mk_MKMK