Чжоу Цан – ЗАНАЕТЧИЈА

Учеше тој при познат учител, со помош на калапи,
Вештината си ја усоврши, зад себе оставајќи примероци,
За потем да бидат заменети со ремек дела;
Пофалби доживеа од баш мајстори, муштерии се тепаа за него.
Сега, пак, замина скраја од толпата,
Со сето срце, со сиот ум, задлабочен в’мисла;
Каков и камен да поткрене за да го изрезба,
Очекува од него да поникне живот,
Лик, можеби и не толку убав,
Кој можеби ќе прозбори, а можеби и не.
Таа можеби постојано напипува, почнувајќи од првото јаже,
Го подигна таа, го сплете, ги заплетка
Врските, и без учител, и без пример;
Штом малку по малку го разоткри среде нишките
Средиштето и насоката на мрежата, таа узна
Дека животот веќе почна, та стана невнимателна,
Препуштена на највеселите чувства;
Можеби ќе се прочуе таа по своите дела, а можеби ќе остане засекогаш незнајна.

Превод: Игор Радев

mk_MKMK