Вера Чејковска – Рани творби


сакам да се заплетам во златните коси
на есенската зора, по коишто, како изгубени ангелчиња,
копнеат паднатите лисја, дедо ман-е ги гони боговите
а ги пушта самовилите во сказните што ги кажува,
додека се шири мирисот на лебот-погача што го пече,
баба дона раздиплува бело тенко платно, проткаено
со свила, и така исцртува виулеста и невина патека
меѓу кружното огледало и сонцето, една пчеличка,
вредна како Големата мајка, цело време внесува и
изнесува звуци и зраци, синевината надвор сè наново
навлегува во хоризонтот, навестувајќи бескрај,
рекичката со лудо име од македонското гратче
кавадарци ита од слив во слив кон
модрата галаксија со лелеави боенки −
тоа е морето,
: барем еднаш бев далеку
од т.н. Загризи на Ноќта, Ледот, …, …