Помеѓу два здива има пауза, помеѓу две стапки во стихот има цезура како тишина помеѓу две отчукувања на срцето. Да не е паузата, тоа што било пред неа и тоа што следува по неа, ќе се слеат и ќе истечат незабележани заедно со времето. Да не е ритамот, од говорот немаше да настане стих, а од чекорот танц. Ако ритамот на животот е безусловно чување на срцевото биење, а ритамот на стихот е чувствена игра со повторливи ритмични стапки, тогаш Струшките вечери на поезијата се ритамот на поезијата и нејзиното постојано појавување овде, од некогаш па засекогаш.
Видео продукција: ЗООТРОП студио
Графички дизајн на плакатот: Енкел Дика
Музика: ПИЈАН СЛАВЕЈ
Автор на текстoт: Јаков Попоски