Виолета Танчева-Златева

Виолета Танчева Златева е родена на 25 април 1968 година, во с.Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Освоила четири награди на анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник во 80-тите години, прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ во 1991 г., награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година за стихозбирката Година без лето, наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2018 година за Патот. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година. Член е Здружението на лекторите на Република Македонија и била член на редакциите на списанието за книжевност и култура „АКТ“ и на списанието „Стожер“.
Работи како лектор во Издавачки центар ТРИ – Скопје. Ги има објавено следните книги проза: Книга за сонот (куса проза, 1991), Враќања (роман, 1993), Враќајќи се во Бориево (раскази, 1999); романот за деца Шарени писма (2008); поезија: Мојот Пикасо (2007), Заробеници на молкот (2010), Огнена (2011), Нашата приказна (2013), Година без лето (2015), Патот (2018), На работ на светот и Капе времето (2021).

Песна: ГОРЕ – ДОЛУ

mk_MKMK