Владимир Левчев – ЃУБРЕ ЗА РАЈСКАТА ГРАДИНА

На Катја
Уметноста од ѓубрето може
да создаде цвеќиња.
Како природата.
Една убава песна, еден силен блуз, нешто
како „бејби, бејби, пеколно ми се гади, мислам,
ќе умрам!“
Тоа можеби ќе те направи среќна.
Ни треба повеќе музика.
И повеќе живот среде природата!
Несреќата нека ни биде
ѓубре за Рајската гадина.

Превод од бугарски јазик Славе Ѓорѓо Димоски