Владимир Левчев – МИЛАНО

Мустафа голта пламен
со камено лице.
Под сината сенка на пламената голтка
катедралата го скрива залезот.
На плоштадот толпата
му аплаудира на Мустафа.
Среде катедралата с’ска зелената змиска реклама.
Ноќта со ѕвездите и ветерот
атакува на залезот.
Месечината е црвена и бавна.
Улиците веќе се темни.
Мустафа е Италијанец.

Превод од бугарски јазик Славе Ѓорѓо Димоски