Владимир Мартиновски – СВЕТЛОСНА ГОДИНА

Од вчера до денес
ми паднаа пет-шест влакна
а веројатно уште толку се побелени
но ретко кој ќе ја забележи промената
Слушајќи го Малер од вчера до денес
внатре многу нешта се променија
небаре сум одживеал една
цела светлосна година

mk_MKMK